Хефнер ја злупотребил голотијата од Мерилин Монро за своето списание


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Славниот основач на Playboy кој почина на 91-на година беше погребан во саботата, а на неговиот погреб присуствуваа неговото семејство и најблиските пријатели.

По негова иницијатива и голема желба, тој е погребан веднаш до местото каде е погребана Мерилин Монро.

Хефнер гробното место до неа го купи уште во 1992 година, бидејќи како што и сам објаснил чувствува двојна поврзаност во врска со актерката. Освен што се родени во иста година, тој неа ја смета како најзаслужната личност за огромниот успех на Playboy.

Она што всушност мал број луѓе го знаат е дека со објавувањето на голите слики на Монро, Хефнер за малку ќе и ја уништел макотрпно изградената кариера.

Мерлин Монро поминувала низ ужас. Ставена во немоќна ситуација била приморана да се фотографира без облека на себе за календар како би заработила пари за храна. Таа се криела под својот псевдоним за да се дистанцира од фотографиите, а подоцна и биле понудени и улоги во дел од познатите филмови на Холивуд.

Кога Хефнер одлучил да започне со пласирањето на магазинот за мажи, нејзиното име веќе било добро познато. Тој ги откупил фотографиите од Мерилин кои биле фотографирани за календарот и притоа без нејзино знаење ги ставил на насловната на првиот број на Playboy.

Кога Мерилин била прашана што мисли во однос на тоа, одговорила разочарано дека не добила ни едно благодарам од оние кои заработиле милиони од сликите на кои таа е гола, а дури морала и сама да купи примерок од списанието за да ги види сликите од себеси.

Мерилин Монро умре на 36 години, а врз основа на нејзиниот лик се заработува и ден денес дупло од тоа што таа имала кога била жива.