Home Актуелно Хан пристигна во Владата – денес средби со Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ и со Талат Џафери

Хан пристигна во Владата – денес средби со Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ и со Талат Џафери

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, со пристигнувањето во Владата, каде ќе присуствува на владината седница на која ќе се разговара за капацитетот и структурата на преговорите за пристапување на Македонија во Европската Унија, го означи почетокот на скринингот од ЕУ врз Македонија за членство во Унијата, пренесува Макфакс.

Хан ќе се сретне и со лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, но и со собранскиот спикер Талат Џафери. Двете средби ќе бидат во Собранието. По завршувањето, тој заминува за Тирана.

Скриниг процесот ќе биде насочен кон судството, борбата против корупцијата, владеењето на правото, јавната администрација, безбедносните и разузнавачките служби.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…