Home Спорт Хамилтон најави крај на кариерата!

Хамилтон најави крај на кариерата!

Луис Хамилтон најави дека по завршувањето на оваа сезона би можел да стави крај на кариерата.

Возачот на Мерцедес ова го изјави во пресрет на гран при викендот во Азербејџан, дополнувајќи дека сеуште не ја донел конечната одлука.

„Мојата судбина е во моите раце. Би можел да се пензионирам на кројот од сезоната. Не верувам дека моето наследство во Ф1 ќе биде помало сега отколку да се пензионирам за пет години“, изјави 32-годишниот Британец.

„Не сакам премногу да планирам. Не знам што ќе направам. Сакам луѓето да се сеќаваат на мене како што се сеќаваат на Аиртон Сена. Секогаш тој беше мојот идол. Сакам луѓето да се сеќаваат на Хамилтон како на жесток но поштен натпреварувач“, дополни Хамилтон.

Оваа сезона трикратниот Ф1 шампион води голема борба со Себастијан Фетел за првото место во генерланиот пласман.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…