Home Спорт Гвардиола повторно купува ѕвезда на Лестер

Гвардиола повторно купува ѕвезда на Лестер

Англискиот репрезентативец Хари Мекгваер ова лето повторно ќе биде главна трансфер мета на Островот.

За него од поодамна интерес покажаа Арсенал, Челзи, Тотенхем и Манчестер Јунајтед, а сега во трката за потписот на дефанзивецот се вклучи и Пеп Гвардиола.

„Граѓаните“ се во потрага по квалитетен дефанзивец после заминувањето на Винсент Компани, а првата желба е токму Мекгваер.

Медиумите на Островот тврдат дека Гвардиола веќе разговарал со дефанзивецот и го убедил да го избере неговиот тим, а тоа значи дека второ лето по ред главна цел на Сити ќе биде играч на Лестер. Минатото лето на „Етихад“ пристигна Ријад Марез за 60 милиони фунти.

Проблемот за „граѓаните“ е што Лестер постави превисока цена за својот дефанзивец, односно 75 милиони фунти. Во моментов Сити има проблем со финансискиот фер-плеј, па останува да видиме дали ќе се согласи да ја издвои таа сума.

Доколку се реализира овој трансфер Мекгваер ќе се израмни со Ван Дајк како најскап дефанзивец на сите времиња.

https://youtu.be/nqJf1aCF64I

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…