Home Спорт Гвардиола го „распарчи“ Монако – двајца пристигнаа се очекува третиот!

Гвардиола го „распарчи“ Монако – двајца пристигнаа се очекува третиот!

Иако преодниот рок сеуште не е официјално започнат Манчестер Сити е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот.

Француските и англиските медиуми пренесуваат дека Бенџамин Менди ќе му се придружи на Бернардо Силва на „Етихад“. Левиот бек на Монако одигра феноменална сезона, а Гвардиола за неговиот потпис ќе ислешира 50 милиони евра.

Сити веќе го официјализираше трансферот на Бернардо Силва за 70 милиони евра, а во следните денови ќе биде официјализиран и трансферот на голманот Едерсон од Бефика за 50 милиони евра.

Меѓутоа тоа не е се, медиумите тврдат дека Гвардиола сака уште еден фудбалер на Монако, а тоа е Фабињо кого може да го користи и како десен бек и како играч за врска.

За него интерес покажува и Манчестер Јунајтед, но „граѓаните“ сакаат да ги победат „соседите“ и да го комплетираат триото од Монако.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…