Home Актуелно Гунгула на граничните премини со Грција

Гунгула на граничните премини со Грција

Како што и се очекуваше, од завчера и вчера, заради продолжениот викенд во Македонија, на граничните премини со соседна Грција е зголемен интензитетот на сообраќај.

Според известувањата од надлежните служби, на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, освен на „Богородица“ каде времето на чекање е од 10 до 20 минути. На „Табановце“, пак, се чека од 15 до 30 минути, соопшти АМСМ.

Граничната полициска и царинската служба на граничниот премин „Богородица“ брзо ги извршува своите обврски и не дозволуваат подолго задржување на излез од земјава, изјавија за МИА од дежурната служба на ГП „Богородица“, пренесува Слободна Европа.

Од таму велат дека колоните возила за разлика од вчера, денеска се подолги, меѓутоа во функција се ставени пет ленти и преминувањето на границата се одвива брзо.

Меѓутоа евидентен е застојот на спротивната страна од границата каде се чека најмалку еден час за влез во Грција.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…