Ѓубрето ги обедини скопските градоначалници – ќе поднесат кривична пријава против градоначалничката Арсовска


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Градоначалниците на скопските општини излегоа со заедничка одлука да поднесат кривична пријава против градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска оти го загрозува здравјето на граѓаните.

Градоначалниците кои денеска имаа состанок, рекоа дека тоа ќе следи ако на депонијата „Дрисла“ не се пуштат камионите со кои општините сами го собираат сметот по протестот на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ во Скопје. Градоначалниците на скопските општини апелираа на разумност од градот и во рок од 48 часа да постапи, бидејќи тие немаат доволно капацитети да го соберат сметот. Контактирале и со министерството за животна средина да се помогне во депонирањето на ѓубрето.

Во меѓувреме штрајкот на вработените продолжува. Вработените, револтирани од однесувањето на директорката на претпријатието, сè уште протестираат и одбиваат да ги испразнат контејнерите од улиците.

Дел од нивните барања се: повисоки плати, смена на директорката косана николиќ-мазнова, како и враќање на работа на работниците кои беа отпуштени. Додека не се исполнат нивните барања, велат, блокадата на работата на претпријатието ќе трае. За понатамошните чекори на вработените најверојатно ќе се разговара и на средбата со претставници од Сојузот на синдикати на Македонија која е закажана за денеска напладне. Вчера токму ССМ им даде поддршка на вработените.