„БЕТА“ – долгометражен хрватски филм кој делумно е напишан од вештачка интелигенција


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За филмскиот проект „БЕТА“, кој ќе се снима на почетокот на 2024., а ќе биде прикажан до крајот на таа година, продуцентите најавија дека ќе биде првиот долгометражен игран филм во историјата на светската кинематографија чие сценарио е авторско и напишано со помош на напредната вештачка интелигенција. А, и една од главните улоги ќе биде отелотворена од спој од неколку ВИ-програми.

Жанровски, филмот е спој од психолошки трилер и научнофантастична драма за животот на ИТ-програмерка и нејзината докторска теза за т.н. суперинтелигенција – напредна ВИ-програма што ја презема контролата врз нејзиниот живот.

Главните улоги во филмот ги толкуваат хрватските глумици Ана Марија Брѓановиќ и Ана Уршула Најев, како и ВИ-програмата „Бета/гив Екс“ (Beta/Give X). Занимливо е тоа што во филмот сите улоги се женски.

Режијата е на Анѓело Јуркас, кој е и автор на сценариото, заено со „Artificial Intelligence Give X“. Продуцент е хрватската независна компанија „ДОП продукција“ со домашни и странски партнери.