Груевски од Струга: Да не се дозволи редефинирање на државата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Не може да се препушти државата да се третира како експеримент и од ден на ден да се менува во корен нејзината суштина и идентитет, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на централниот митинг на партијата вечерва во Струга.

Tоа е крајната цел. Tоа беше и целта на кризата и секој што не веруваше или барем малку се сомневаше, сега знае, сега му е јасно и кристално чисто го гледа сценариото кое се надвиснува над нашата држава. Важно е сите заедно да се сплотиме и да не дозволиме Македонија да биде жртва на неизвесноста што СДСМ и Заев сакаат да ја создадат со нивните опуштени изјави кои имаат многу опасна и сериозна цел, а таа е комплетно редефинирање на државата, рече Груевски.

Претходно на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Ресен, Груевски рече дека до крајот на 2020 година ќе ја намалат стапката на невработеност на 17-18 отсто со отворање нови 70.000 работни места во Македонија.