Груевски најави дека ќе ги искористи сите правни лекови против затворската казна


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако скопска Апелација ја потврди двегодишната затворска казна за поранешниот премиер Никола Груевски во рамки на случајот„Тенк“, која Груевски ја дочека во друга судница, слушајќи ги „бомбите“ за друг случај – „Титаник“, тој подоцна најави дека ќе ги искористи сите правни лекови против ваквата пресуда и казна која го очекува.

По дадената пауза Груевски во изјава за медиумите одлуката на второстепениот суд ја нарече политички прогон и дополни дека претходно на прес-конференција веќе најавил дека ќе го уапсат. Но, појасни дека се сменило само времето, односно наместо пред референдумот, судиите одлуката за неговата затворска казна ја донеле по референдумот.

За неговите натамошни чекори околу правните лекови кои му следуваат по донесената одлука од Апелацискиот суд која е правосилна Груевски рече дека ќе ги искористи сите правни лекови и се што му следува согласно законот.

„Ова е класичен политички прогон. Ќе ги искористам сите правни лекови кои ми стојат на располагање. Овде нема потреба од нови докази затоа што веќе има многу докази за овој случај. Според обвинението, ме гонат дека сум влијаел да се купи возило во кое покрај другите требало да се возам и јас“, изјави Груевски.

Во врска со гласањето во Собрание за Договорот со Грција дали можеби Груевски ќе се одлучи да гласа за уставни промени за на некој начин да се спаси од затвор, тој одговори дека нема да гласа и нема да го изневери народот.

„Нема да гласам за уставни промени и нема да ги поддржам истите. Јас немам намера да го изневерам народот“, изјави Груевски.