Груби тврди дека во последните 100 дена од оваа Влада премиер ќе биде Албанец – така потпишале Ахмети и Заев, а ветил и Ковачевски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Артан Груби нагласи дека во 2020 година е постигнат договорот личност од албанска националност да биде на чело на Владата во последните 100 дена од нејзиниот мандат.

„Тогаш создадовме модерна кампања, која позотивно одекна и во Приштина и во Тирана, зашто проектот на Ахмети во договор со Заев практично ги урива табуата. Изборот на народот тогаш беше СДСМ да добие 46 пратеници, а ДУИ 15 пратеници. Двете партии собраа 61 пратеник, доволно за формирање на Влада. Во коалицискиот договор што го постигнавме, Заев се соагласи во последните 100 дена тој да ја напушти Владата и да биде заменет со Албанец на функцијата премиер. Тоа и го напишавме и е потпишано, но и самиот Заев со изјава го потврди тоа што е договорено“, рече телевизијата Дукаѓини.

На прашањето дали договорот ќе важи бидејќи Заев одамна не е премиер, Груби одговори потврдно и додаде дека тоа му го ветил самиот актуелен премиер Димитар Ковачевски.

„На првата средба со Ковачевски пред официјално да стане премиер беа присутни и Зоран Заев, беа и други функционери… Тој вети дека ќе важи истиот договор што беше постигнат со Ахмети па се ракувавме“, нагласи Груби и додаде дека личноста која ќе стане премиер ќе биде одлука на Али Ахмети.

Со овие изјави Груби ја дообјасни изјавата на министерот Бујар Османи, кој како координатор на партијата за Чаир на партиски собир најави дека „за неколку месеци Албанец“ ќе биде премиер“, што беше протолкувано дека и ДУИ е за предвремени избори имајќи предвид дека редовниот термин за парламентарни избори е идната година.

Со изјавата дека премиер ќе биде Албанец во последните 100 дена од мандатот на оваа Владата практично Груби ги демантира таквите претпоставки во политичката јавност.