Апелација ја потврди ослободителната пресуда за актерката Силвија Стојановска во случајот со шверц на кокаин


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


После скоро пет години од почнувањето на судскиот процес против неа за шверц на кокаин, актерката Силвија Стојановска е конечно и дефинитивно ослободена од вина за оваа афера.

Апелациониот суд ја одби жалбата поднесена од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција како неоснована и ј потврди ослободителната пресуда донесена од Основниот кривичен суд со што процесот сега е конечно завршен.

Стојановска за Фокус изјавила дека само сакала процесот побрзо да заврши.

„Долгогодишниот стрес ми го наруши здравјето. Искрено, не можам ниту да се израдувам како што треба. Се чувствувам како издишан балон, само сакав што побрзо да заврши. И на последната расправа во Апелација им реков само побрзо одлучете, процесот веќе влезе во петта календарска година. Сега после речиси пет години кончено можам да продолжам со животот“, вели Стојановска.

Пред да биде донесена ослободителната пресуда во септември минатата година, Апелација донесе одлука да го врати предметот на повторно судење, откако првично Стојановска беше осудена на три ипол години затвор поради шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.