Денеска завршува законската обврска за поседување задолжителна зимска опрема во автомобилите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата која стапи на сила на 15 ноември, 2022 година, без оглед на моменталната временска состојба, денеска завршува.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.