Home Спорт Гризман: Го сакам Атлетико, само понекогаш многу зборувам

Гризман: Го сакам Атлетико, само понекогаш многу зборувам

Антоан Гризман ја потврди својата фантастична форма и синоќа со четирите гола против Леганес и најави дека со самодоверба неговиот тим ќе патува во Барселона.

Иднината на Гризман веќе неколку месеци е главна тема во медиумите, а тој истакна дека го сака Атлетико и ги почитува навивачите.

„Среќен сум и од сопственото претставување, и од победата, која е најважна. Сега ќе одиме со самодоверба во Барселона и ќе се обидеме да одиграме уште еден добар натпревар. Остануваат уште 12 меча и нашата цел е да постигнуваме само победи. Потоа ќе видиме каде ќе завршиме“, рече Гризман.

„Треба да уживаме во позитивниот период во кој се наоѓаме. Од нас се бара да ги радуваме навивачите и се трудиме да го правиме тоа. Понекогаш може да грешам надвор од теренот со работите кои ги кажувам, но на самиот терен не грешам. Ги почитувам навивачите, Чоло и соиграчите, бидејќи благодарение на нив јас сум играчот, кој што сум. Го сакам Атлетико и го покажувам секогаш тоа“, заклучи Французинот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…