Градоначалниците на Пула и Осиек им кажаа категорично „не“ на српските тулбофолкери


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После одлуката на градоначалникот на Пула, Филип Зоричиќ, да го забрани концертот на кој требаше да настапат Душко Кулиш, Ана Бекута, Драган Којиќ и Зоран Миќановиќ, и градоначалникот на Осиек, Иван Радиќ, одби да биде домаќин на проектот „Илијадарка“.

Концертот го организираше организацијата „Хилјадарка“, која веќе се договорила со градското претпријатие „Пула спорт“ да ја даде салата под закуп за 25 март, но кога градоначалникот Зоричиќ дознал за тоа – се било откажано, пренесува „Глас Истре“.

– Иако целиот тим на „Хилјадарка“ беше со голем ентузијазам за овој концерт, не можевме да ја смениме одлуката на градоначалникот на Пула, г-дин Филип Зоричиќ, кој одлучи да нема турбо фолк музика на јавните простори – велат од организацијата.

„Осиек е централноевропски град кој има изразена европска димензија, град кој интензивно се развива во вистинска словенска метропола, град кој ја има најголемата културна манифестација на Источна Хрватска преку Осиекското лето на културата, што докажува дека културата и уметноста одлично се вклопуваат во градот на Драва“, напиша градоначалникот на Осиек на Фејсбук.