Home Актуелно Му го одгризала јазикот на мажот кој сексуално ја нападнал и го однела во полиција како доказ

Му го одгризала јазикот на мажот кој сексуално ја нападнал и го однела во полиција како доказ

Французинка, која била жртва на сексуален напад, му го одгризала јазикот на силувачот и како доказ го предала на полицијата.

57-годишната жена го шетала своето куче во Авињон, Франција, во 4 часот наутро на 19 февруари кога маж почнал да ја следи. Тој наводно ѝ пришол, се обидел насилно да ја прегрне и бакне, а притоа ѝ ја турнал раката во нејзините панталони. За време на тепачката жената му го одгризала јазикот на насилникот и побегнала дома. Потоа, во придружба на синот, донела парче јазик во локалната полициска станица.

Полицијата набргу го уапсила мажот ,кој по потекло е од Тунис и живее илегално во Франција. Наводно изјавил дека жената го нападнала.

Ќе следува неговото судење и тој мора да ја напушти Франција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…