Advertisements
Актуелно

Грабеж во НЛБ банка во Чаир

Утринава во експозитурата Чаир на НЛБ Банка се случи вооружен грабеж.

„Клиентите кои се затекнаа во нашата експозитура и вработените на Банката се безбедни и во добра состојба. Во овој момент, Банката соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот. Средствата на нашите клиенти се сигурни, бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства.
Паралелно, работиме со истражните органи на утврдување на висината од направената штета, за што ќе ја известиме јавноста дополнително.“, соопштуваат од НЛБ Банка.

Изгорениот автомобил Голф ги сокри трагите на разбојниците. Во уличка е најден после грабежот, но во него нема ниту пари ниту траги од ограбувачите. Додека автомобилот беше под полициска заштита, обвинителот и полициските инспектори на местото во ограбената експозитура на НЛБ во Чаир вршеа увид. Грабежот почнал околу 10 и 30 утрово.

4-ца маскирани и вооружени влегле во банката, го нападнале и претепале 26-годишниот обезбедувач и под закани ги одзеле парите од банката. Кога бегале надвор испукале еден куршум во воздух и се качиле во бел голф- бегале во правец кон Бутел.

Дрските разбојници не ги плашеле ниту камерите на раскрсницата. Сериозноста на состојбата по грабежот ја потврди и присуството на врвот на НЛБ кој беше пред ограбената експозитура. Има повредени, но сумата на украденото не ја кажа ниту првиот човек на НЛБ.

Разбојниците избегале кон Бутел. Голфот 5-ка со бела боја бргу ги носел низ широките булевари и тесните улички.

И стигнал до место кое е на околу километар воздушна линија од ограбената експозитура. Тука полицијата го нашла белиот голф, но целосно уништен.

Разбојниците избрале за смена на автомобили скришно место каде нема камери, но потоа морале да се вратат назад на улицата која води кон гробиштата во Бутел, а оттаму е блиску и скопската обиколница.

Местото каде е најден изгорениот автомобил се наоѓа веднаш до реката Серава и е на граница меѓу општините Бутел и Шуто Оризари.

Од полицијата се уште не откриваат детали за истрагата и дали има информации кои се разбојнците, јавува ТВ Телма.

Извор: Телма/Таратур

Advertisements

Најпопуларно

To Top