Гоца Тржан со години отворено зборуваше за желбата да го прошири семејството со Радомир Новаковиќ Раша, како и за искуствата низ кои поминуваше за време на обидите за вештачко оплодување. Сега, пејачката признава дека решила да стави крај на таа животна приказна.
Со 52 години, Гоца Тржан вели дека повеќе не сака да поминува низ нови обиди и дека е време да се сврти кон други желби. Наместо уште едно дете, сега посакува нова и посебна улога – улога на баба.
„Многу зборував на темата вештачко оплодување во јавноста, пред сè за жените кои не знаат на кого да се обратат и кој пат да го изберат. Секогаш сакав да бидам поддршка за жените кои поминуваат низ тој процес. Денес имам 52 години и морам да кажам дека за мене таа приказна е завршена“, изјави Гоца Тржан.

Пејачката веќе има ќерка Лена, а неодамна стана и стрина. Сега со насмевка зборува за тоа колку би сакала еден ден да дочека и внуче.
„Станав стрина, имам ќерка и се надевам дека наскоро ќе станам баба. Би сакала тоа да ми се случи додека ми е кичмата здрава. Лена е девојка. Мене мајка ми ме родила на дваесет години и би сакала полека сето тоа да дојде со внучето. Од друга страна, би сакала да бидам баба што поскоро“, признава таа.

Нејзините зборови покажуваат дека Гоца Тржан решила да ја остави зад себе долгогодишната борба за второ дете и да го насочи вниманието кон односот со ќерката Лена и она што иднината може да го донесе.

За односот со ќерката, пејачката исто така често зборувала. Признава дека за време на тинејџерските години на Лена поминувале низ несогласувања, но дека нивниот однос со време се променил.
Денес Лена ја гледа како возрасна девојка која има право да донесува свои одлуки, а Гоца истакнува дека секогаш ќе биде до неа и ќе и пружа поддршка.

Посебно внимание во јавноста привлече и одлуката на Лена да го промени презимето. Гоца Тржан тогаш порача дека тоа е избор на нејзината ќерка и дека го почитува целосно.
„Има апсолутно право на тоа. Луѓето зборуваат, но мене тоа не ме интересира. Таа е возрасна девојка и има свои избори, а јас сум тука да ја поддржам“, рече пејачката.
Додека некогаш најголема желба и беше повторно да стане мајка, Гоца Тржан денес со многу повеќе ведрина зборува за новото поглавје во животот – и желбата еден ден да добие внуче.
Извор: Story.rs