Спорт

Готово: Суарез заминува, во Барса доаѓа нова „гол-машина“

Барселона одлично ја отвори сезоната, но потоа западна во криза и со серија од четири меча без победа го загуби лидерското место.

Работите во Барса не одат по предвидениот так, а една од причините е лошата форма на голгетерот Луис Суарез. Иако е стандарден Уругваецот до сега постигна само три гола, па на „Камп Ноу“ веќе размислуваат за негова замена.

Суарез веќе има 31 година, па во Барселона знаат дека ќе мораат да му најдат адекватна замена, бидејќи се чини дека Уругваецот веќе ги одигра своите најдобри партии за каталонскиот клуб.

Како што пренесува каталонски „Спорт“, Барселона на списокот има само две имиња за таа позиција. Првата желба е Хари Кејн од Тотенхем, но неговиот трансфер сепак е преголем финансиски залак за Каталонците.

Второто име е овогодинешната сензација од Серија А, Криштоф Пијатек, кој во првите седум кола постигна 9 гола во дресот на Џенова.

23-годишниот полски напаѓач е посакуван од многу европски гиганти, а во Барселона сметаат дека ќе биде идеална замена за Луис Суарез. Неговата цена расте од ден на ден, па се претпоставува дека Каталонците ќе можат да го донесат на „Камп Ноу“ за околу 50 милиони евра.

Loading...
To Top