Готово: Реал се договори со новиот голман


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесуваат шпанските медиуми Реал Мадрид беќе постигнал договор со голманот на Рома, Алсон Бекер.

Голманот на бразилската репрезентација е моментално најбараниот голман на трансфер пазарот, но тој го избрал Реал Мадрид и веќе постигнал договор со „кралевите“.

Сега останува да се договорат двата клуба, а тоа воопшто нема да биде лесно бидејќи Рома за неговата слобода бара 80 милиони евра.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал ќе се обиде да ја намали таа сума и е спремен да плати најмногу 60 милиони евра за потписот на Алисон.

Се очекува договорот да биде постигнат до завршувањето на Мундијалот, а Алисон да потпише 5-годишен договор со „кралевите“.