Home Спорт Готово: Мората е пред потпис со Атлетико Мадрид

Готово: Мората е пред потпис со Атлетико Мадрид

Алваро Мората е еден од најбараните фудбалери во Европа, иако позади себе има лоши 18 месеци во Челзи.

Ако им се верува на англиските и шпанските медиуми неговата следна дестинација е веќе позната, а тоа е Атлетико Мадрид.

Мората доби повик од Диего Симеоне и ги одби сите други понуди за да се врати во Мадрид. „Јорганџиите“ се во потрага по напаѓач кој ќе може да го замени повредениот Диего Коста.

Најпрво проблем беше високата плата на Шпанецот кој во Челзи заработува 9 милиони евра по сезона. Но, Мората по секоја цена сака да се врати во Шпанија, па е спремен на „жртва“ и ќе прифати помала плата во Атлетико.

Во моментов се договараат последните детали, па Мората најверојатно ќе пристигне во Атлетико на позајмица со право на откуп.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…