Home Актуелно Гостиварци цел месец купувале со фалсификувани евра

Гостиварци цел месец купувале со фалсификувани евра

Гостиварското Основно јавно обвинителство поднесе обвинение против две лица за пуштање во промет фалсификувани пари. Едното лице се товари за фалсификување пари од член 268 став 1 во врска со член 45, додека другото за помагање при извршување на кривичното дело.

Двајцата, во текот на септември лани, во продавници, аптеки и маркети во Гостивар употребиле фалсификувани банкноти од по 50 евра за да купат одредени производи. Вработените веднаш не ја забележувале разликата, со што на секое од правните лица му била нанесена штета во износ од по 3 050 денари.

Едно од осомничените лица ги набавил лажните банкноти и му ги дал на другото лице да пазари. Притоа го возел до одредените локации и го чекал надвор од наведените места, соопштија од ОЈО.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…