Home Актуелно Горивата поскапуваат од полноќ

Горивата поскапуваат од полноќ

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина денар по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 66 денари за литар, на Еуросупер БС-98 67,5, а на Еуродизел 54,5 денари.

Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати се наведени за 2,03 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,517 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…