Home Актуелно Гори дивата струшка депонија: Градот обвиен во чад, граѓаните протестираат

Гори дивата струшка депонија: Градот обвиен во чад, граѓаните протестираат

Продолжуваат протестите на стружани бидејќи дивата депонија гори и натаму, градот е обвиен во чад, а решение се уште нема ниту на повидок.

Граѓаните бараат итно дислоцирање на депонијата, но иако министрите за животна средина и без ресор одговорија на апелот, се уште нема временски рокови за тоа кога нешто ќе се преземе околу овој проблем.

Дивата депонија во Струшко Поле веќе подолг период им прави големи проблеми на стружани. Тие се организираа на социјалните мрежи и почнаа протести, кои од ден на ден стануваат се помасовни бидејќи, како што велат, состојбата е драматична и во прашање е здравјето на нивните деца.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…