Гордана Силјановска на кафе кај Блерим Река


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во финишот од претседателската кампања пред првиот круг на изборите за претседател, претседателскиот кандидат Блерим Река, ги покани двајцата против кандидати, Гордана Силајновска Давкова и Стево Пендаровски, на кафе во неговиот штаб.

Река преку Фејсбук обајви дека пиел кафе со противкандидатката Гордана Силјановска Давкова. На ред е кафето со Стево Пендаровски.

„Во самата завршница на претседателска кампања, штабот на Река денес почна со иницијатива да ги покани противкандидатите на кафе во нашиот штаб. Денес штабот на Река го посети кандидатот на ВМРО Гордана Силјановска Давкова. Се надеваме овие денови штабот да го посети и кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски. Сѐ со цел да покажаме желба до крај за фер и демократска кампања“, напиша Река.