Home Спорт Голгетерско деби на Ван Дијк во дресот на Ливерпул: Манчестер славеше во финишот против Дерби (ВИДЕО)

Голгетерско деби на Ван Дијк во дресот на Ливерпул: Манчестер славеше во финишот против Дерби (ВИДЕО)

Екипата на Ливерпул славеше во дербито против Евертон во рамки на ФА Купот.

Милнер во 35. минута преку пенал му донесе водство на домашниот состав, и со тој резултат се замина на паузата.

Во второто полувреме, во 67. минута Сигурдсон го израмни резултатот за нови возбудувања во продолжението.

Во своето деби, Ван Дијк покажа зошто е најскапиот дефанзивец во историјата, па на пет минути до крајот му донесе голема победа на Ливерпул и ги постави конечните 2:1.

Во вториот вечерашен меч, Јунајтед славеше против Дерби Каунти. Финишот на мечот донесе возбудувања, кога во 84. минута најпрво Лингард ја погоди противничката мрежа, а потоа во 90. минута Лукаку го постави конечниот резултат.

https://streamable.com/gc946

https://streamable.com/66mc5

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…