Home Актуелно ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ЉУБОТЕН: Еве што се случува!

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ЉУБОТЕН: Еве што се случува!

Утрово во скопското село Љуботен се извршува голема полициска акција координирана со Управата за финансиска полиција.

Управата за финансиска полиција во координација со Министерството за внатрешни работи спроведува акција во скопското село Љуботен, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела, криумчарење со акцизна стока и царинска измама.

Неколку медиуми објавија дека станува збор за акција за сузбивање на шверц на тутун.

Од Управата за финансиска полиција наведуваат дека во интерес на истрагата не можат да споделат подетални информации.

– Очекуваме и бараме соработка од граѓаните на реоните во кои се спроведуваат активностите, се во интерес на расчистување на случајот. Јавноста благовремено ќе биде информирана за исходот од преземените мерки и активности, стои во соопштението од Управата за финансиска полиција.

Фото: Макфакс

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…