Home Вебкафе Го кремирала сопругот сметајќи го за удавен, а тој по една година си дошол дома

Го кремирала сопругот сметајќи го за удавен, а тој по една година си дошол дома

Јапонка која извесен давеник го идентификувала како својот исчезнат сопруг, останала во шок кога мажот, по една година од кремирањето, си дошол дома здрав и жив.

Токиската полиција соопшти дека телото пронајдено во јуни 2017 година во една река било на друг исчезнат човек.

Тоа тело по „позитивната“ идентификација на жената и двајца роднини е предадено на нејзиното семејство, а дека тоа било грешка се утврдило овие денови кога жената ја известила полицијата дека нејзиниот исчезнат маж сепак се вратил дома.

Полицијата не соопшти каде бил тој цела година и што правел. Во меѓувреме пепелта од кремираното тело на давеникот ќе биде предадено на неговото семејство.

Полицијата се извини поради грешката и вети дека ќе преземе мерки вакви работи да не се повторат.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ким Кардашијан, Глен Клоус и Наоми Вотс прават спектакл на суд – Рајан Марфи ја носи серијата што ќе ви го освои срцето

Рајан Марфи се враќа со полна пареа со нови правни драмолетки, а првите сцени од тизерот в…