Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Дакота Џонсон и Џејмс Дорнан снимија три заеднички филма во сагата „50 нијанси…“, но тврдат дека секс сцените им се се уште непријатни.
Ѕвездата на филмовите „50 нијанси…“, Дакота Џонсон, прозборе за секс сцените во најновото продолжените. Снимањето на сцените не било ниту малку гламурозно и секси. И покрај што тоа за нив е трет заеднички филм, таа тврди дека работите се уште се подеднакво непријатни.
Дакота објаснила за Мари Клар: „Поголем дел од припремите се случуваат пред снимањето, пробуваме да доловиме како сето тоа да го направиме, наместо да ги испробаме работите кога сме двајцата ранливи. Но, некои работи се многу, многу тешки па пиеме по некој чашка пред снимање. Секс сцените никогаш не стануваат полесни, и не се воопшто забавни“, тврди глумицата.
Исто така ја опишува и облеката која треба да ја носат за да изгледа дека се голи. „Џејмс носи мала вреќа за пенисот. Не е воопшто гламурозно и навистина не е секси. Тој го носи тоа, а јас носев танги без траки, кои имаат лепливи рабови. Но лепливи се само при врвот, па гаѓичките стално ми паѓаа и морав да ги залепам со лепак. И носев два пара. Е*бено бизарно…“.