Home Шоубизнис „It“ ги покори американските кино сали – на дебито заработи 117 милиони долари

„It“ ги покори американските кино сали – на дебито заработи 117 милиони долари

Филмот It од Warner Bross и New Line убедливо го освои првото место на американскиот боксофис откако минатиот викенд заработи 117,15 милиони долари.

Филмот ги надмина очекувањата за заработка на дебито од 103 милиони долари и го оствари петтиот најдобар дебитантски викенд во оваа година.

It зад себе го остави и Spider-Man: Homecoming, кој на дебито во јули заработи 117,03 милиони долари.

На второто место се најде филмот Sweet Home Alabama, со заработка од 9 милиони, додека на трето место е The Hitman’s Bodyguard со 4,9 милиони.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Се подготвува мјузикл за Ејми Вајнхаус на лондонскиот Вест Енд, наводно вклучен и нејзиниот татко

Животот и музиката на Ејми Вајнхаус би можеле да оживеат на лондонскиот Вест Енд. Проектот…