Ги надминаа очекувањата: Количката и дел од докторската на Хокинг продадени за 1 милион евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Инвалидската количка во која еден од најславните астрофизичари на модерното време, Стивен Хокинг, мина голем дел од својот живот, на аукциско наддавање беше продадена за речиси 300.000 фунти (околу 340.000 евра), додека примерок од неговата докторска дисертација достигнала цена од речиси 585.000 фунти (околу 670.000 евра), пренесе Вашингтон пост.

Моторизираната инвалидска количка, која физичарот ја користел откако невронската Геригова болест го парализирала, е продадена за 296.750 фунти на онлајн аукција од куќата Кристи. Очекуваната цена била помеѓу 10.000 и 15.000 фунти.

Докторската дисертација на Хокинг од 1965 година, за потеклото на универзумот, била продадена за 584.750 фунти, што е повеќе од трипати поголема од очекуваната цена.

Приходите од продажбата ќе одат во фондацијата на Стивен Хокинг и Здружението за моторно невронска болест.