Гестови кои кажуваат повеќе од „те сакам“

Гестови кои кажуваат повеќе од „те сакам“

Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Овие две зборови имаат длабоко значење… Изразувањето „те сакам“ понекогаш не е лесно, а на лицето кое сакаме да му го кажеме мора специфично да го заслужи тоа изразување на љубовта. Кога ги изговараме овие две зборови, тие не висат во воздухот, тие имаат подлабоко значење и порака.

Во овој текст ќе ви покажеме на кои начини маж може да ви изрази љубов, без да мора да каже дека ве сака…

Сака да оди секаде со вас

Знаете и сами колку понекогаш е тешко да се “извади” маж од куќа, особено кога станува збор за одење во купување. Ако вашиот партнер не сака да оди со вас во трговските центри, а пак сака да оди со вас како ваша придружба или да ви помогне при изборот на облека, верувајте ми дека сигурно има многу чувства кон вас – ако се гледа да дека ќе помине дел од денот во купување.

Кога е со вас, секогаш е подготвен

Било да излегувате некаде, на вечера или на шетање низ градот, или треба да дојде кај вас, тој секогаш изгледа совршено. Подготвен е, убаво се облече и преубаво да мириса. И така секојпат. Мажите не се жени, некогаш ги мрзи да се подготват, но кога станува збор за нивната девојка од соништата, ќе се подготвуваат и по полноќ, само за да ве восхитат.

Секогаш прати каде одите и ве набљудува

Ова можеби звучи како „психо“, но не мислиме на тоа – дека ве гледа за да ве проверува. Едноставно сака да ве гледа во било кој момент, каде и да сте. Горд е што сте неговата девојка и сака да ве гледа и кога сте близу до него, и кога сте подалеку.

Сака кога се смеете и секогаш ве бакнува

 Ако забележите дека по секој бакнеж ве гледа нежно и се насмева, знаете дека тој е лудо заљубен кон вас. Вашиот бакнеж многу му годи, толку што не може да се воздржи од емоции и мора да се насмее.

Страстни, долги бакнежи

Мажите не се некои љубители на бакнувањето, бидејќи повеќето сакаат да гледаат. Ако вашиот партнер сака да се бакнува со вас долго и страстно, додека не ви се отежни дишењето то е тоа… Колку ви е убаво вас- толку и на него. Пеперутки во стомакот? Секако дека се присутни!

Ве допира спонтано во јавност

Кога излегувате некаде, ве фаќа за рака сам од себе, става неговата рака на вашата нога, сака да ве држи за рака или околу струк – овие се сите знаци дека многу ви се допаѓате и дека се работи за силни емоции.

Внимателно ве слуша и гледа додека зборувате

Можеби досега не сте внимавале, но следниот пат обратете внимание. Започнете разговор со него каде ќе може долго да зборувате. Ако ве гледа во очи или усни, со љубовен и длабок поглед – тој е вљубен во вас и не може да поверува колку сте убави. Посебно ако ве слуша… Знаете дека понекогаш можеме да бидеме заморни разговарачи.