Гејтс донира 20 милиони долари на фондацијата која ја има со бившата сопруга Мелинда


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Американскиот мултимилијардер и еден од најбогатите луѓе на планетава, Бил Гејтс, ќе донира 20 милијарди долари од своето богатство на „Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс“, со што фондациајта која ја има со својата бивша сопруга ќе ги зголеми финансиските давања во светло на глобалните предизвици, вклучувајќи ги пандемијата и војната во Украина.

Оваа фондација која е една од најголемите светски филантропски организации, планира да ги зголеми своите исплати за 50 отсто во однос на нивоата пред пандемијата, со приближно 6 милијарди долари на 9 милијарди долари секоја година до 2026 година.

Фондацијата е првенствено фокусирана на добротворните донации кои имаат за цел подобрување на глобалното здравство, родовата рамноправност и образованието, покрај останатото.

Соосновачот на Мајкрософт и неговата поранешна сопруга, Мелинда Гејтс, ветија дека ќе донираат голем дел од своето богатство во фондацијата која заедно ја основаа пред 20 години, како и на други филантропски друштва.

Со проценета нето вредност од околу 114 милијарди долари, Бил Гејтс е моментално четврт најбогат човек на светот, според индексот на милијардери на „Блумберг“, при што поголемиот дел од неговото богатство е поврзано со акции на Мајкрософт.