Газда на хотел го демолирал покривот на ГТЦ – не му дале тераса!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лицето кое синоќа го демолираше зелениот покрив на Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје е газда на хотел кој се наоѓа во трговскиот, пишува порталот СДК.мк. Вработени во ГТЦ за порталот изјавиле дека откако ги виделе снимките од безбедносните камери веднаш го препознале сторителот.

„Сопственик на хотел е лицето кое кршеше и уништуваше инсталации. Со ова лице извесно време имаме проблеми. Бараше од нас да му дозволиме градината која ја правиме да ја користи како тераса за неговиот објект. Хотелот веќе неколку месеци не работи, па сакаше да го пренамени во угостителски објект и дел од зелената градина да му биде летна тераса. Нормално дека не му дозволивме бидејќи овој дел од ГТЦ го правиме за сите граѓани, како место за рекреација и слободен влез за секого“, велат вработени во трговскиот центар.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, преку својот фејсбук профил објави видео материјал на кој се гледа како непознато машко лице уништува делови од кровната конструкција на Градскиот трговски центар.

Станува збор за инсталациите од неопходната инфраструктура за фонтаните и останатите елементи коишто се потребни за претворање на бетонскиот покрив во зелена градина.

https://www.facebook.com/petreshilegov/posts/2979591922265386