Home Спорт Гаврдиола ја „краде“ ѕвездата на Ајакс пред носот на Барса и Реал

Гаврдиола ја „краде“ ѕвездата на Ајакс пред носот на Барса и Реал

Играчот за врска на Ајакс, Френки де Јонг продолжува да ја воодупевува фудбалската јавност со своите одлични партии, па европските гиганти буквално се „тепаат“ за неговиот потпис.

Иако Барселона го следи веќе подолго време, шпанските медиуми тврдат дека фаворот за неговиот потпис во моментов е Манчестер Сити. Имено, „граѓаните“ се спремни да платат 80 милиони евра за 21-годишниот плејмејкер.

Гвардиола знае дека Барселона и Реал Мадрид исто така се силно заинтересирани за играчот, па сака што е можно побрзо да го договори трансферот. „Крлевите“ во Де Јонг гледаат идеален наследник на Модриќ, додека Каталонците се спремни да понудат 130 милиони за двете ѕвезди на Ајакс.

Договорот на Де Јонг со Ајакс истекува во 2021 година, а холандскиот гигант во летниот преоден рок одби понуда за играчот од 50 милиони евра.

https://youtu.be/qWQEe1jCAQk

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…