Home Спорт Фудбалската легенда тренер на арапскиот второлигаш Ел Фуџајра

Фудбалската легенда тренер на арапскиот второлигаш Ел Фуџајра

Легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона е именуван за тренер на Ел-Фуџајра, второлигаш од Обединетите Арапски Емирати. Марадона немал клуб од 2012 година кога доби отказ во Ал Васлу од Дубаи.

„Официјално, Марадона е тренер на Фуџајра“, се вели во соопштение на клубот.

Тоа го потврди и 56-годишниот Марадона на својата Фејсбук страница. Постави нова фотографија на која држи дрес на клубот со број 10 и напиша: Ова се моите нови бои.

Како селектор го предводеше државниот тим на Аргентина од 2008 до 2010 година.

Марадона е еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња, и освои СП со Аргентина во 1986 година. Четири годни подоцна играше во финалето на Мундијалот. Во кариерата играше за Бока Јуниорс, Барселона, Севилја, Наполи со кој освои две шампионски титули во Италија, и Њуелс Бојс. Кариерата ја заврши во 1997 година во Бока.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …