Француски забар се богател вадејќи и поправајќи им здрави заби на пациентите – доби 8 години затвор


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Алчниот и бескрупулозен француски стоматолог Лионел Гуеџ (41) е затворен поради тоа што на пациентите од кварт со ниски приходи во Марсеј им вадел или поправал здрави заби.

Тој зарабитил илијадници евра правејќи им на пациентите непотребни процедури.

Лионел Гуеџ (41) е осуден на осум години, а неговиот татко Карно Гуеџ (70), кој работел со скратено работно време за него, добил пет години затвор,откако судот ги слушнал застрашувачки изјави од пациенти кои закажале прегледи за помали проблеми. Како што се , расипани или лабави протези, пломбирање. Но, алчниот стоматолог наместо ситни зафати на пациентите намерно им вадел здрави заби без никаква медицинска причина.

Тимот на јавното обвинителство опишал како Лионел намерно повредувал здрави пациенти од северните области на Марсеј со цел да го измами системот за социјално осигурување.

Тој се обидел да го максимизира профитот со принудување на пациентите да подлежат на непотребни процедури, покажувајќи „тотално непочитување“ за нивното здравје, за потоа сè да наплати и од социјалното осигурување.

Во еден пример, помеѓу 2006 и 2012 година, забарот бил обвинет дека извршил 3.900 коренски канали на 327 пациенти кои немале медицинска потреба за интервенција, само затоа што сакал да постави мостови што ќе му донесат профит.

Поради ваквиот пристап алчниот забар во 2010 година станал најбогатиот стоматолошки хирург во Франција, со хонорар до 2,9 милиони евра. Со парите купувал имот, уметнички слики и луксузни автомобили.