Home Шоубизнис ФОТО: Украдена ѕвездата во чест на Пандев од плоштадот во Струмица

ФОТО: Украдена ѕвездата во чест на Пандев од плоштадот во Струмица

Во 2010 година на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица беше поставена ѕвезда во чест на македонската фудбалска икона, Горан Пандев.

Денес, таа иста ѕвезда ја снема, односно е украдена соопштија од „Општина Струмица“, преку својот официјален Фејбук профил.

Украдена ѕвездата на Горан Пандев од плоштадот во Струмица

„На плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, денеска, ја снема ѕвездата на познатиот македонски фудбалер, Горан Пандев. Оваа ѕвезда беше поставена во 2010 година како симбол на освоената титула Европски и Светски шампион со италијанскиот гигант „Интер“, година во која е реконструиран и струмичкиот плоштад.  Општина Струмица го осудува вандалскиот чин на крадење на ѕвездата на нашиот фудбалер Горан Пандев и случајот ќе го пријави во полиција“, стои во соопштението на Фејсбук профилот на „Општина Струмица“.

https://www.facebook.com/opshtina.strumica/posts/1866896150030473

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…