Home Спорт Фото: Несреќата ги обедини и големите ривали!

Фото: Несреќата ги обедини и големите ривали!

Во престолнината на Каталонија, Барселона синоќа се случи грозоморен терористички напад во кој животот го загубија 13 луѓе и повеќе десетици беа повредени.

Славните сортски личности и спортските клубови, особено од Шпанија веднаш се огласија по повод нападот кој се случи во Барселона.

„Застрашувачки вести од Барселона. Целата солидарност и поддршка до семејствата и пријателите на жртвите“, напишта Кристиано Роналдо на Твитер.

Слични пораки за поддршка упатија и неговите соиграчи Серхио Рамос и Герет Бејл, а Реал Мадрид преку соопштение изрази жалање за инцидентот и сочувство за жртвите.

Поддршка за Барселона пристигнува од цел свет, сите спортски ривали се обединија за големата несреќа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…