Home Спорт Фото: Ибра има ново хоби – ќе се изненадите!

Фото: Ибра има ново хоби – ќе се изненадите!

И додека сите го очекуваат да се врати на терените, Златан Ибрахимовиќ откри дека има ново хоби и го изненади целиот свет.

Ѕвездата на на Манчестер Јунајтед е надвор од терените од април кога ги скина лигаментите во коленото, но доби нов договор од „црвените ѓаволи“ и се очекува да биде во составот до крајот на годината.

Контроверзниот напаѓач сега како дел од физичките подготовки за фудбалот реши да се обиде со тренинзи со коњички спорт.

„Животно препознава животно! Мојот нов предизвик: Гранде Диени“, напиша Ибрахимовиќ со фотографија на својот нов коњ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…