Home Спорт ФОТО: Фудбалскиот џет-сет на свадба кај Серхио Рамос

ФОТО: Фудбалскиот џет-сет на свадба кај Серхио Рамос

Капитенот на шпанската репрезентација и Реал Мадрид, Серхио Рамос синоќа во Севиља се венчаше со својата долгогодишна девојка, Пилар Рубио.

Парот изгледаше прекрасно, а црнокосата убавица во раката носеше необичен букет со црно обоени цветови.

Меѓу елитните гости очекувано беа соиграчите на Рамос д Реал секако во друштво на своите сопруги, Лука Модриќ, Хесус Навас, Алваро Мората, потоа големите ривали и пријатели од Барселона и репрезентацијата Серхио Бускетс, Жорди Алба, Санти Казорла, Пепе Реина.

На свадбата беа и Бекамови, како и неколку легенди на светскиот фудбал во друштво на своите сопруги Предраг Мијатовиќ Роберто Карлос, Фернандо Јеро…

Рамос и Рубио се седум години во врска и имаат три сина, Серхио, Марко и Алехандро, кои има важна улога на свадбата и ги носеа прстените.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…