Home Спорт Фото: Додека се чекаат официјални потврди, се огласи еден од пилотите!

Фото: Додека се чекаат официјални потврди, се огласи еден од пилотите!

Синоќа голема трагедија го потресе Лестер, откако се урна хеликоптерот на сопственикот на клубот, Вичај Шриваданапраба, но и после 15 часа нема информации кои лица се наоѓале во леталото.

Медиумите јавуваат дека внатре имало шест луѓе, а „Би-Би-Си“ тврди дека во леталото сигурно бил сопственикот на клубот, а се стравува дека со него била и неговата ќерка.

Додека јавноста ги чека првите официјални информации, преку Твитер се огласи еден од пилотите кои го возеле тој хеликоптер, Филип Амадеус, но за негова среќа вчера имал слободен ден.

„За сите оние кои се јавуваа, јас не бев на синоќешниот лет. Моите мисли се со оние кои беа на него“, напиша Филип.

https://twitter.com/PhilipAmadeus/status/1056443881032695808

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…