Home Спорт Фото: Бразилците на апарати за дишење – ова е нехумано!

Фото: Бразилците на апарати за дишење – ова е нехумано!

Боливија и Бразил синоќа одиграа без голови во меч од квалификациите за СП, а после натпреварот Нејмар и другарите се пожалија на нехумани услови за игра.

Имено, познато е дека Боливијците играат на голема надморска висина во Ла Паз (повеќе од 3.650 метри), а тоа најмногу мака му создаде на Тиаго Силва кој во 29-та минута мораше да биде заменет.

„Нехумано е да се игра во вакви услови“, напиша Нејмар на Инстаграм со фотографија од соблекувалната.

„Теренот, надморската висина, топката… се беше лошо! Но, задоволно сме од нашиот настап дури и под вакви услови“, додаде Бразилецот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…