Фока со жив октопод го плесна кајакарот по лице (видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во водите од Нов Зеланд беше забележана и снимена бизарна појава во која една фока, со жив октопод кој го држеше во устата, почна да го удира по лице кајакарот Кајл Малиндер.

Кајл во друштво на други луѓе уживаше на новозеландскиот Јужен остров кога од водата изнурна една фока која во устата држеше жив октопод.

Фоката силно замавна со октоподот и го удри кајакарот по лице, за потоа повторно да се нурне во водите. Сето тоа со камера го сними друг кајакар, Таијо Масуда, а видеото привлече големо внимание на социјалните мрежи.

„Се забавувавме веслајќи околу островот кога забележавме борба на една фока и еден октопод. Борбата продолжи и во наша близина, а пред да сфатам што се случува, добив удар по лицето. Не бев сигурен кој е повеќе изненаден – фоката, октоподот или јас. Октоподот се фати за долниот дел од кајакот, а нешто подоцна колегата го тргна со веслото и тој отплива понатаму“, напиша Малиндер во објаснувањето од видеото на Инстаграм.