Home Спорт Фјури му возврати на Џошуа: Ќе дојдам и ќе ти ја променам фацата!

Фјури му возврати на Џошуа: Ќе дојдам и ќе ти ја променам фацата!

Тајсон Фјури конечно го испровоцира Ентони Џошуа, откако светскиот шампион испрати нецензурирана порака од „Кралот на циганите“.

Џошуа го предизвика Фјури кој не боксувал од ноември 2015 година, откако на својот Твитер напиша: „Тајсон Фјури влезе во форма, ебан дебелко“.

Поради ова Фјури преку видео порака му порача на Џошуа.

„Ова е порака до кревачот на тегови, големиот Енрони Џошуа, големиот маж кој ми рече: „Влези во форма, дебелко“. Тоа е нешто ново, тој обично не пцуе и се обидува да се направи таков каков што всушност не е. Сакам да кажам дека ќе се справам со тебе пријателе, дури нема потреба да влегувам во форма. Јас се уште можам да дојдам и да ти ја променам фацата, иако тежам 150 килограми….“, вели меѓу другото Фјури.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…