Home Актуелно Физичко насилство во домот на Саше Политико?

Физичко насилство во домот на Саше Политико?

Според официјалниот извештај од МВР, Сектор Скопје, на 16.01.2019 година во СВР-Скопје околу 23,07 часот, 38-годишниот С.И. пријавил физички напад од сопругата, 25-годишната М.Л.И., која наводно употребила нож во нападот.

Според истиот извештај, на 17.01.2019 околу 02 часот М.Л.И. пријавила дека била физички нападната од С.И., кој употребил и нож во стан во Скопје.

Според неофицијални информации кои ги пренесува порталот Охридскај, Саше Политико, сопственик на порталот Мактел, во својот дом физички ја малтретирал својата сопруга, при што и нанел видливи физички повреди по тело. Како што пренесува Охридскај, настанот бил пријавен во полиција, која веднаш интервенирала.

Иницијалите во билтенот на МВР се поклопуваат со иницијалите на Саше Ивановски и неговата сопруга.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Хари порача дека децата заслужуваат безбедност по апсењето на таткото на Меган Маркл

Во првото јавно обраќање по апсењето на таткото на Меган Маркл под сомнение за поседување …