Home Актуелно Филипче: Засега не се потребни нови рестрикции – да се фокусираме на вакцините, а не на живеењето затворени

Филипче: Засега не се потребни нови рестрикции – да се фокусираме на вакцините, а не на живеењето затворени

Според министерот за здравство, Венко Филипче, состојбата со корона вирусот во Македонија е мирна и засега нема потреба за нови евентуални мерки.

Како што порача Филипче, луѓето треба помасовно да се вакцинираат и тоа да биде фокусот во наредните неколку месеци.

„Сега нема потреба од нови мерки, затоа што ситуацијата е прилично мирна. Вакцинацијата треба да биде фокусот, а не да живееме во рестрикции. Гледаме дека и Англија, иако има нови случаи, се попуштаат мерките. Да не живееме затворени, туку да се вакцинираме масовно“, порача денеска Филипче.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Дали го земате витаминот Д во погрешно време? Еве кога најдобро се апсорбира!

ДАЛИ ГО ЗЕМАТЕ ВИТАМИНОТ D ВО ПОГРЕШНО ВРЕМЕ? ЕВЕ КОГА НАЈДОБРО СЕ АПСОРБИРА! Со влегување…