Филипче стои на ставот дека нема потреба од полициски час


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Комисијата за заразни болести денес има состанок закажан во 14 часот, на кој беше најавено дека ќе се разговара за можни дополнителни рестрикции. Меѓу нив, извесно е дека нема да биде полициски час за кој министерот Венко Филипче и денеска изјави дека смета оти засега нема потреба.

Во следните недели очекува резултати да дадат рестриктивните мерки кои сега се во сила, иако, како што денеска изјави Филипче, подготвени се да предложат дополнителни рестрикции во зависност од епидемиолошката ситуација.

„Евентуално би можело да се предложи целосно затворање на некои економски оператори и ограничување на движењето дали во текот на едно деноноќие, во попладневните часови или за време на викенд. Но, ќе повторам, после утринската координација што ја имавме, сè уште сметаме дека ова не треба да се препорачува, но ја следиме епидемиолошката ситуација и ќе носиме одлуки доколку треба да се донесат вакви препораки или мерки“, нагласи Филипче.

Министерот не стравува дека со воведувањето на полициски час во соседните држави, би можело во земјава да се појават увезени случаи однадвор.

„Тоа што имаат некои соседни земји карантин, значи целосна ограничување на движењето. Впрочем и сега границите се отворени. Тоа беше заеднички договорено согласно претходната анализа на стручната група во рамки на заедничката работна група која заклучи дека нема ризик од импортирани случаи заради тоа што во секоја од земјите во регионот главен ризик е локалната трансмисија“, рече Филипче.