Рашковски си поднесе оставка од функцијата ген-сек на Владата


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Драги Рашковски си поднесе оставка од функцијата генерален секретар на Владата. Тоа го потврди и премиерот Заев. Но, Рашковски ќе остане да работи на тоа место додека Владата не најде ново решение. Засега нема одлука кој ќе го наследи.

Оставката денеска ја потврди и премиерот Заев кој истакна дека Рашковски уште пред месец и пол поднел оставка.

„Генералниот секретар Драги Рашковски поднесе оставка пред месец и пол, тој ја извршува функцијата додека не дојде нов. Правиме консултации сè уште, лично јас како претседател на Владата кој сум овластен предлагач и ќе има нов генерален секретар. Немам донесено одлука, штом ќе ја донесеме, ќе соопштиме“, рече Заев.

За негов заменик се шпекулираше некогашниот министер и пратеник Дамјан Манчевски, но тој неодамна ја напушти политиката, и се пресели во приватниот сектор.