Филипче го разреши Директорот на Центарот за јавно здравје, Зибери


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Министерот за здравство, Венко Филипче, го разреши Директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери, заради, како што вели самиот, нарушуваењ на угледот на Комисијата за заразни болести.

Во своето образложение, Филипче рече дека нема да дозволи никој за политички поени да ја користи работата на членовите на Комисијата за заразни болести, потсетувајќи дека за време на пандемијата, тројца други директори беа разрешени од слични причини.

„Разрешувањето следи после неговата изјава во однос на работата на Комисијата, со што сметам дека го поткопа угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, кои работеа водејќи се од професионални принципи. Сметам дека апсолутно никој не смее да политизира, ниту да добива политички поени на едно такво сензитивно прашање“ – рече министерот Филипче.

Од ДУИ остро го осудија потегот на Филипче, оценувајќи дека разрешувањето е политичка одмазда – што ќе го загрози здравјето на илјадници граѓани. За Зибери, одлуката на министерот е ограничување на правото на изразување.

“За жал, министерот за здравство и партијата СДСМ на која тој припаѓа, избраа да ми го ограничат правото за изразување и почнаа кампања за одмазда. Однесувањето на СДСМ е голем срам.” – вели Зибери.

Обвинувањата дека Комисијата за заразни болести игра според свирката на власта не се нови. Уште кога се реши да се укинат мерките, за да може да се закажат и одржат изборите, експертите предупредуваа дека здравјето на граѓаните било фрлено во втор план.

“Секаде во здравството особено во Центрите за Јавно Здравје политиката е навлезена одамна. Значи во центрите за ЈЗ работат микробиолози, епидемиолози и специјалисти по хигиена. И од нив треба да се избере директор само тој може да раководи.Самото поставување е политички и не требало воопшто да биде поставен Зибери и било кој друг што не се од таа струка каде а ги има доста ако проверите.” – вели Никола Пановски, микробиолог.

Разрешувањето на Зибери следеше откако тој на фејсбук се пофали дека тој лично, како член на Комисијата за заразни болести, издејствувал да се отворат границите за дијаспората да гласа на изборите за премиер Албанец. Ова е четврто разрешување на директор од страна на Филипче, од почетокот на кризата со корона вирусот. На местото на Зибери, за в.д. директор назначен е д-р. Александар Стојанов, епидемиолог од Центарот за јавно здравје.